Вардаровата доминација продолжува, 18. трофеј во Купот на Македонија доаѓа во Скопје (ФОТО)

155

Финалето на Купот на Македонија ја донесе потребната неизвесност, а победник од дуелот помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 беше скопскиот тим кој славеше со 23-24 (12-13). За Вардар 1961 ова е 18-ти пехар во ова натпреварување, втор по ред. На другата страна охриѓани остануваат на историското финале.

Малус со осум гола беше прв стрелец, Хориха имаше шест погодоци, додека важна улога имаше Валах, кој запиша 10 одбрани. На другата страна Ѓукиќ и Јасухира имаа по пет гола.

Вардар по првите десет минути игра имаше водство од 2-6, истата разлика беше на средината на првото полувреме (4-8). Иако изгледаше дека „црвено-црните“, кои до овој момент доминира, лесно ќе го наметнат своето темпо. Сепак охриѓани брзо се вратија, со два гола во низа ја преполовија негативата на 6-8. Нешто подоцна со нова серија од два гола (Јагуриноски и Лиапис) во низа пред крајот на првото полувреме израмнија на 12-12. Малус на одморот донесе 12-13.

Охриѓани целосно се препородија во второто полувреме, на крилата на Пилиповиќ, кој имаше три одбрани во низа во 42-та минута поведоа со 20-17 (со головите на Јасихура, Ѓукиќ и Савревски), за првпат на овој меч. Чупиќ повика тајм-аут, а неговите момци одговорија со серија од 5-1 преку Малус, Хориха и Да Силва, за враќање на водството (21-22) во 50. минута. Охрид после осум минути конечно го погоди голот на противникот, Ојлески израмни на 22-22.

Валах влезе во серија, при 22-23 (54. минута) не му дозволи на ГРК Охрид да израмни, па Ројевиќ мораше да повика тајм-аут, истиот не вроди плод, Тузолана постигна важен гол за 22-24. Валах во 58-та минута, при 23-24 успеа да му одбрани пенал Јасихура, наместо гол за победа, Малус направи пробивање. Останаа 42 секунди до крајот, Георгиевски доби две минути исклучување, ГРК Охрид не реализира за голема радост во редовите на Вардар.

ПретходноПартизан ја доби „АБА“ пресметката против Црвена Звезда
СледноЈака Малус ги собра признанијата: МВП и најдобар стрелец!