Нереди во Куманово: Фудбалерите на Струга ТЛ нападнати во соблекувалната?!

465

Како што неофицијално дознаваме, по мечот во Куманово на кој Струга ТЛ успеа да го победи Башкими со 0:4, имало нереди. Дел од играчите на гостинскиот тим биле нападнати во соблекувалната и не им се дозволуло истата да ја напуштат. Се разбира дека допрва сме во очекување на информации за овој голем инцидент и за тоа кој се од играчите на Струга ТЛ бил нападнат, и секако кој ги нападнал ако се знае дека во тој простор не може секој да влезе и да биде присутен.

Секако дека со реакција треба да искочи и МВР, да видиме навистина за што станува збор.

ПретходноВан Дајк во 90+10.минута го реши дербито на Ливерпул!
СледноДонарума што правиш?….. Италијанецот со грешката на кариерата во најважниот дуел сезонава (ВИДЕО)