Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

77
фото: FC THUN (FB)

Македонсиот репрезентативец Елмин Растодер ја продолжи голгетерската низа во дресот на Тун. Вчера во дербито со Базел во рамките на 33. коло од шампионатот на Швајцарија, нашиот голгетер го постигна третиот гол за својата екипа, потврдувајќи ја високата победа на домашните од 3:1.

За Растодер ова беше веќе 13-ти сезонски гол што го остава во ТОП 4 најдобри стрелци во првенството. Тун со овој триумф остана на врвот на таелата со 6 бода предност пред Ст. Гален во битката за титулата.

ПретходноЈокиќ со нов трип-дабл за победа на Денвер, Лејкерси почнаа победнички без Дончиќ и Ривс
СледноПо четвртиот пораз во низа: Челзи на пат да урне анти-рекорд стар еден век!