По четвртиот пораз во низа: Челзи на пат да урне анти-рекорд стар еден век!

104
фото: Chelsea Uruguay @CFCUruguay (X)

Екипата на Челзи загуби четири последователни натпревари во Премиер лигата без да постигне гол, за првпат по повеќе од 28 години.

Вчера, лондончани загубија со 0-1 од Манчестер Јунајтед на домашен терен. Претходно, загубија од Њукасл (0-1), Евертон (0-3) и Манчестер Сити (0-3).

Според Би-Би-Си, во целата историја на настапи на клубот во англиското првенство, Челзи само еднаш доживеал подолга слична низа – во ноември 1912 година кога на пет натпревари по ред загуби и не успеа да постигне ниту еден гол.

ПретходноРастодер повторно погоди, Тун оди кон титулата
СледноДардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат