Проблем за Германија: Гнабри го пропушта Мундијалот?

55
фото: Bayern (X)

Фудбалерот на Баерн (М) и германски репрезентативец Серж Гнабри би можел да отсуствува од терените од три до четири месеци, објави „Скај Дојчланд“.

Претходно, Баерн објави дека германскиот фудбалер ќе отсуствува подолг период поради скинат мускул на бутот. Веста ја потврдија повеќе извори, а тоа значи дека на Гнабри му е загрозен и настапот на претстојното светско првенство.

Според медиумит, лекарите не се оптимисти за прерано враќање на фудбалерот, што значи дека мали се шансите Гнабри да биде со германската репрезентација ова лето во САД, Мексико и Канада.

ПретходноДарио фантастичен: Второ место на престижниот Белградски маратон!
СледноХасан: Време е да ја победиме Струга Трим Лум!