Рабио му донесе победа на Милан кај Верона!

27
ФОТО:facebook.com/SerieA/

Милан ја победи Верона како гостин со резултат од 1:0 во натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А.
Тимот на Макс Алегри не се истакна денес, но сепак, неговите играчи славеа значајна победа против “фенерџијата“, по двата болни порази во домашното првенство.
Не видовме многу од тоа во поголемиот дел од првото полувреме на стадионот Бентегоди, гостите не успеаја да ја наметнат иницијативата на теренот, додека екипата на Паоло Самарко беше рамноправна против фаворитите.
Така беше до 41-та минута, кога Росонерите возвратија, кога Адриен Рабио стрелаше за 0:1.

Милан, со големи тешкотии, ја зачува минималната предност и освои три бода со кои стигна до бројката од 66 освоени бода, додека Верона ја задржа последната позиција во Серија А со 18 бода, исто колку и Пиза.

ПретходноПМФЛ: Стружани го “НАПОЛНИЈА“ Башкими среде Куманово!
СледноВан Дајк во 90+10.минута го реши дербито на Ливерпул!