Сити го доби дербито со Арсенал, и се врати во трката за титулата (ВИДЕО)

89

Ништо не е готово кога станиува збор за титулата во Премиер лигата. Напротив, уште многу што ќе се решава до крајот на истата. Ова е вака од причина што предмалку тимот на Манчестер Сити го доби големото дерби против тимот на Арсенал и на тој начин успеа да се доближи до лидерот на само три бода.

Конечните 2:1, можат да се опишат со само еден збор, хаотични. По само 16 минути игра, Рајан Шерки погоди за домашно водство, за да во 18. минута веќе биде 1:1.

Донарума ја направи грешката на кариерата, и дозволи Каи Хавертс, да израмни на 1:1.

Во второто полувреме Донарума со неколку интервенции се „извади“ за грешката, имаше и среќа затоа што противникот погоди дирек.
Од другата страна пак, Халанд кога е најпотребно покажа зошто е најдобар. Реализира за ново водство на Сити во 65. минута.

Потоа, мечот доби на толкав интензитет што имаше и ситуации кои беа на раб на тепачка но за среќа се мина во најдобар ред.

Сега, со овој исход, Арсенал и натаму е лидер со досегашните 70 бода, но Сити сега има само три помалку 67, и не очекува жестока битка за титулата до крајот.

ПретходноСега е и официјално, Баерн Минхен е шампион на Германија
СледноЏенова со значајни гостински бодови