Џенова со значајни гостински бодови

18

Тимот на Џенова успеа кај последопласираниот тим на Пиза, да победи вечерва со 1:2, и на тој начин да обезбеди значајни бодови со кои замина во средината на табелата.

Канестрели во 19. минута ги доведе домашните до водство, но за среќа на Џенова, Екхатор во 41. израмни на 1:1.

Коломбо во 55. минута прави комплетен пресврт и ги поставува конечните 1:2.

Со овие бодови, Џенова е сега на тринаесеттото место, со 39 поени, и позиција која што многу веројатно ветува мирен финиш на сезоната.

Пиза е последна со 18 бодови и само теоретски шанси за опстанок.

ПретходноСити го доби дербито со Арсенал, и се врати во трката за титулата (ВИДЕО)
Следно“Специјалниот“ е спремен да се врати на “Сантијаго Бернабеу“!