Македонија ги дозна противниците за Светското училишно првенство во ракомет

80

Денеска во хотелот „Холидеј-Ин“ се одржа ждрепката за Светското училишно првенство во ракомет, чиј домаќин е Скопје. На овој голем настан ќе учествуваат  36 земји, кои ќе настапат во машка и во женска конкуренција. Сите делегации веќе се пристигнати во нашиот главен град и со нетрпение го очекуваат стартот на Светското училишно првенство во ракомет.

Во машка конкуренција, Македонија ќе игра во групата А заедно со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Оваа репрезентација ја предводи Горан Кузманоски. 

Според системот за натпреварување првопласираните репрезентации од секоја група ќе се пласираат во полуфинале.

Во женска конкуренција, Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка. Нашите млади ракометарки ќе ги предводи Даниела Новеска.

Според системот за натпреварување првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во четвртфинале.

Салите и сатниците според пропозициите на IFS, ќе бидат одредени утре на технички состанок, кој стартува во 10 часот. Натпреварите ќе стартуваат на 22 април.

На 21 април започнува спектаклот! Свеченото отворање на ISF Skopje 2026 ќе го претвори Плоштад Македонија во центар на светот

Дефиле на репрезентации

Музика и шоу програма

Атмосфера што не се пропушта

19:30 часот

Плоштад Македонија

ПретходноЕнрике по поразот на ПСЖ: Го добивте она што го баравте
СледноМарио Илиевски успешно опериран по повредата на тетивата!(ФОТО)