Марио Илиевски успешно опериран по повредата на тетивата!(ФОТО)

252
ФОТО:.facebook.com/FCPrishtina

Штета, навистина штета. Марио Илиевски во последно време беше во страшна форма, даваше голови како од шега за својата Приштина, но ете, се случи повреда на ахиловата тетива па мораше да биде подвргнат на операција. Среќа истата мина успешно, па Марио добро се чуствува по операцијата. Во меѓувреме тој во болница беше посетен од луѓето од клубот кои му посакаа успешна рехабилитација и брзо враќање на терените. Јасно е дека Илиевски го чека долга пауза, која ќе трае од 4-6 месеци.

Илиевски им се придружи на „бело – сините“ минатото лето и оттогаш е еден од клучните играчи на тимот. Тој има постигнато 14 гола и 5 асистенции во 31 настап во сите натпреварувања, давајќи непроценлив придонес во нападот на Приштина.

ПретходноМакедонија ги дозна противниците за Светското училишно првенство во ракомет
СледноХаланд: Мојот татко ме учеше да не бидам тоа на буквата “П“…!