Се чини дека Бруно Фернандеш, иако има договор со Манчестер Јунајтед до 2027, најверојатно си оди од “Олд Трафорд“! Има најави е пред трансфер во С. Арабија, но тие не се единствените што го сакаат.
Одеднаш, Фернандеш се најде на врвот на листата на желби на исклучително амбициозните лидери на тимот на Галатасарај.
Оваа сезона, Бруно Фернандеш игра во одлична форма, постигнувајќи осум гола и додавајќи 18 асистенции во 30 натпревари во Премиер лигата. Договорот на Фернандеш со Манчестер Јунајтед истекува во летото следната година, и јасно е дека ова е последна шанса за овој клуб да профитира од неговото заминување.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека лидерите на клубот ќе го убедат да остане во клубот, но Галатасарај сега сака да ги уништи сите тие планови.
Галатасарај сака да го доведе Бруно Фернандеш, но само ако претседателот на клубот Дурсун Озбек биде реизбран на претстојните избори.
Озбек прави големи промени на и надвор од теренот, а суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е една од тие „промени“.
Доколку Фернандес прифати трансфер во Галатасарај, тој би играл таму со големи имиња како Лерој Сане и Виктор Осимен.
Дома Меѓународен фудбал Англија Тоа би било “бомба“: Бруно Фернандеш на лето прави трансфер во Галатасарај?!










