Штип УГД славеше и во Велес и сега води со 2:0 во финалната серија!

34
ФОТО:facebook.com/volleyballmkd

Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип е на чекор до шампионската титула и обединување на круните во домашната сцена откако вечерва на гостувањето во Велес славеше со 0:3 (24:26, 14:25, 23:25) над O.K. Борец Велес во вториот натпревар од финалето на плејофот во Првата лига мажи.

Велешкиот состав мотивирано влезе во дуелот, имаше и водство од 7:1, односно 20:17 во финишот на сетот, но израмнувањето дојде на 21:21, а во играта на нерви гостите ја искористија третата сет топка за 24:26 и водство од 0:1.

Во вториот сет штипјани имаа комплетна контрола, додека во третиот сет O.K. Borec Veles “бркаше” резултат до 19:19 за нови возбудувања во финишот. Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип направи помалку грешки во клучните моменти и тоа им донесе максимална победа, втора во серијата.

Махди Задмард со 17 поени беше најефикасен играч на мечот, следен од Јуниор со 13 поени, односно Стојан Илиев со девет. Во редовите на ГОК Борец, Оливеира постигна 11 поени, додека Бастос и Лепидовски имаа по 10 поени.

Третиот натпревар во серијата се игра во Штип, на 24 април (петок) од 19 часот.

ПретходноГолем проблем за ПСЖ и Португалија: Витиња е повреден!
СледноЛауреус 2026: „Спортските оскари“ за Алкараз, Јамал, ПСЖ, Сабаленка…а шоуто го “украде“ Новак!(ФОТО)