Гранде Пандев на денешен ден стигна до „стотката“ во Серија А (ВИДЕО)

66

Македонскиот фудбал, треба, мора во догледно време да пронајде, создаде, па ако сакате и измисли достојна замена за неприкосновениот Горан Гранде Пандев. Иконата на мак фудбалот од последните две и повеќе децении, остави огромен, неизбрлишлив белег во историјата на овој спорт кај нас, како преку настапите во националниот тим, така и во ѕвездените моменти кои ги имаше на клупски план.

Еден од нив бележи јубилеј на денешен ден. Пред четири години, на 21.04.2021 година, Горан Пандев за жал пред празнин трибини поради пандемијата, во дресот на Џенова го постигна стотиот гол во Серија А.

На мечот со Беневенто, Пандев по само дваесетина минути игра успеа да реализира на два пати и да стигне до магичната бројка. Пандев постигна потоа уште еден и стигна до магичната бројка од 101 гол во една од најдобрите лиги во светот.

Во онаа во која ужива огромен респект и во која е кренат на најв исок пиедестал. Во која освои триплета со тимот на Интер, во која што доживеа фантастични моменти во дресот на Лацио, Наполи, Џенова….

Еден е Гранде Пандев. Сегашен дел од најтесното раководство на Фудбалската Федерација на Македонија, Гранде е пример како треба. Како од најдобар македонски фудбалер се претвори во еден од најголемите инвеститори во нашиот фудбал, и чиј што пример многумина треба да го следат.

Претходно“Мојот сон е Пеп Гвардиола да биде селектор на Италија!“
СледноМЗТ Скопје и Тиквеш ќе ги „лечат раните“!