Ракометниот клуб ГРК Охрид нашиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп сезонава, ја информираше јавноста дека ги пушти во онлајн продажба билетите за претстојниот полуфинален дуел од ова натпреварување на домашен терен против тимот на Целје од Словенија.
Првиот натпревар се игра во Целје, а реваншот на домашен терен во СРЦ „Билјанини извори“ – Охрид на 02.05.2026 (сабота) со почеток од 19:00 часот.










