МЗТ Скопје го декласира Тиквеш

73

Вечерва во салата “Јане Сандански“, во меч од 3.коло во ТОП – 6 фазата во нашата елитна кошаркарска лига, МЗТ Скопје убедливо го победи Тиквеш со 102:77.

Ваквата разлика дојде по одличната трета четвртина на акутуелниот шампион која ја доби со +15 разлика или 30:15.

Во првата четвртина гостинскиот состав од Кавадарци пружи силен отпор ако се знае дека “металците“ ја добија само со 24:21. Во следната домашните заиграа многу подобро, како во нападот така и во одбраната и втората четвртина ја добија со 28:15 па така на пауза заминаа со +16 поени разлика.

Во “второто полувреме“ МЗТ Скопје продолжи со добрата игра и како последица на тоа разликата само се “билдаше“ во негова корист, додека Тиквеш се откажа од секаква намера дека може да стигне барем до некој си пристоен пораз. Во еден момент во последната четвртина беше +30 поени за шампионот па и повеќе.

До крајот големиот фаворит само рутински ја одработи работата и на крајот заслужено триумфира.

Дејвис со 22 поени и Танасковиќ со 20 беа најефикасни кај победничкиот состав, додека кај кавадарчани Хенри запиша 19 поени.

ПретходноОва е девојката која организирала проституција за фудбалери од Серија А!
СледноОва е најновиот став на Иран за тоа дали ќе игра на Мундијалот!