Ова е девојката која организирала проституција за фудбалери од Серија А!

915
ФОТО: Instagram/deborah_ronchi


Италијанската јавност продолжува да бруи околу апсењето на Дебора Ронки, жената за која се сомнева дека е „мозокот“ зад една од најобемните мрежи на елитна проституција во Милано. Заедно со нејзиниот сопруг Емануеле Бутини, Дебора организирала „пост-меч“ забави за ѕвездите од Серија А, кои вклучуваа и луксузни хотели, дами за придружба и опасни супстанции.
Дебора ги рекламираше услугите на својата агенција преку својот Инстаграм профил, барајќи „млади соработници со добри комуникациски вештини“. Всушност, овие девојки беа дами за придружба на кои клиенти им плаќаа илјадници евра, вклучувајќи светски познати фудбалери.

Сè започна со сведочењето на една од девојките која одлучи да ги пријави Дебора и Емануеле во август 2024 година. Таа откри дека забави со ескорт дами се организирале секој ден, дури и за време на најстрогиот карантин поради пандемијата на коронавирусот.
“Ронки и Бутини задржувале половина од парите. Во 2022 година, Колумбијка била принудена на проституција за 1.000 евра, а добила само 500“ стои во сведочењето потврдено од полицијата во Милано.
Во оваа акција, финансиската полиција запленила околу 1,2 милиони евра, а се сомнева дека прометот на агенцијата бил многу поголем. Дебора Ронки моментално е во домашен притвор, додека обвинителството продолжува да ги „чешла“ контактите и трансакциите што водат до самиот врв на италијанскиот фудбал.

ПретходноАлушовски не е веќе тренер на Пелистер!
СледноМЗТ Скопје го декласира Тиквеш