Убава вест за ракометарите: Најмалку 100-на фанови ќе ги бодрат во Прешов

272

Македонската ракометна репрезентација во месец мај ќе одигра два важни натпревари против Словачка, победникот од оваа пресметка ќе оди на Светското првенство кое во 2027 година ќе се одржи во Германија.

Првиот натпревар селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци го играат на гостински терен, на 14 мај во Прешов. И овој пат на трибините ќе имаат поддршка од „Фалангата“. Околу 100-на фанови на „Македонска Фаланга – Виена“ најавија дека ќе дојдат да ги бодрат нашите ракометари.

Вториот натпревар се игра на 17 мај во Скопје.

Доколку Македонија го помине овој бараж натпревар, групата ќе ја дознаат на 10 јуни, противниците ќе ги чекаат од вториот шешир, што значи дека нема да играат во Штутгарт.

ПретходноТрумчи: Шкендија посакува пласман во финалето уште утре
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖА ЈУБИЛЕЈНОТО 25-ТО. ИЗДАНИЕ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА