Играчот на Митјиланд со две операции по нападот со нож

80

Младиот играч на данскиот клуб Митјиланд, Аламара Џаби е тепко повреден по напад со нож. Лекарскиот тим врз него извршил две сложени операции, и фудбалерот неколку саати бил во индуцирана кома.

Потоа, откако повредите му биле санирани, тој се разбудил и во моментов е во стабилна состојба.

Оваа вест ја потресе денската јавност. Во оваа држава ретко се случуваат вакви напади, особено не врз познати личности или спортисти.

Околностите околу кои се случил овој немил настан засега не се соопштение, а информациите се дека данската полиција интензивно работи на разсветлување на случајот.

 

ПретходноРазбиена мрежа на елитна проституција, клиенти биле играчи на Интер и Милан
СледноНаполи го казни Лукаку со 150.000 евра