Разбиена мрежа на елитна проституција, клиенти биле играчи на Интер и Милан

329

Италијанската полиција деновиве разби високо рангирана и организирана мрежа на елитна проституција, која што имала седиште во поголемите градови во оваа земја.

Истата била задолжена за организација на приватни забави и снабдување на истите со скапи и елитни проститутки, а клиенти биле високо рангирани спортисти. Поточно фудбалери на италијанските гиганти Интер и Милан, а во прислушкуваните разговори се спомнувало и име на еден од возачите во Формула 1.

Како што пренесува Газета Дело Спорт, во списите за случајот се нашле имиња на повеќе од педесетмина фудбалери од највисок ранг на натпреварување во Италија.

Акцијата е по налог на обвинителството во Милано, а четири лиц во моментов се во куќен притвор, за организација на елитна проституција и перење пари.

 

ПретходноГРК Охрид ги пушти во онлајн продажба билетите за полуфиналниот дуел против Целје
СледноИграчот на Митјиланд со две операции по нападот со нож