Распоредот е комплетиран: Познато е во кои сали ќе игра Македонија на Светското училишно првенство во ракомет

27

По одржаниот технички состанок, во пресрет на Светското првенство во училишен ракомет, познати се термините за настап на македонските кадетски селекции.

Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“. Избраниците на Горан Кузманоски ќе отворат против Бугарија, меч кој е закажан со почеток во 10:30 часот.

На 23 овој месец ќе ги одмерат силите со Грузија (10:30 часот), додека пак следниот ден во последното коло ќе играат против Република Српска и С.Арабија. Само првопласираната репрезентација од секоја група ќе обезбеди место во полуфинлето.

22.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Бугарија,

23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија

24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија

26.04.2026 (14:30 часот) С.Арабија – Македонија

Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.

Нашите ракометарки ќе отворат против Белгија, меч кој се игра утре во 10:30 часот. Следниот ден ќе ги одмерат силите со Грузија, додека пак групната фаза ја затвораат против Словачка. Првите две репрезентации од четирите групи ќе се пласираат во четвртфинале.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

22.04.2026 (10:30 часот) Белгија – Македонија

23.04.2026 (10:30 часот) Грузија – Македонија

24.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Словачка

За денеска е закажано свеченото отворање на Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи на плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот. Ова е прв голем настан кој на ниво на училишен спорт се одржува во Македонија.

ПретходноМедиумите во Шпанија: Мурињо во Реал? Како, кога никој не го побарал!
Следно“Мојот сон е Пеп Гвардиола да биде селектор на Италија!“