Иако прими гол, сепак македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, вечерва во меч од 33.коло на гостувањето кај Мајорка барем во три наврати и тоа како го спасуваше својот тим. Три големи шанси за домашните, но и три фантастични одбрани на Македонецот. Уште една потврда зошто Столе треба да биде прв голман на тимот од „Местаља“.
На крајот беше 1:1. Мајорка поведе со голот на Саму Коста во 49.минута, додека Садик во 67.минута израмни. Валенсија во самиот финиш на мечот, имаше шанса и за целосен пресврт, но сепак на крајот освои само бод.
На вториот меч кој се играше од терминот од 19 часот, Билбао со голот на Гурузета успеа да ја победи Осасуна.










