Шортс го однесе Пао во плеј-офот, Ц.Звезда елиминирана во плеј-ин!

115
ФОТО:.facebook.com/paobcgr

Толку колку што требаше. Панатинаикос очелкувано на свој терен пред своите фанови во “Оака“ во Атина, успеа да го победи Монако со 87:79 и со тоа се пласира во плеј – офот во Евролигата каде што за место на Ф4 го чека дуел со Валенсија. На овој меч, на кој момците на Атаман одиграа колку што беше потребно, најдобар кај победничкиот тим беше „нашиот“ Ти-Џеј Шортс кој запиша 21 поени. Охриѓанецот Џеди Осман постигна 9 поени, ама евидентно беше дека Пао и се „чуваше“ на овој меч.

На вториот плеј – ин меч меѓу Барселона и Ц.Звезда, домашниот состав беше подобар од српскиот шампион со 80:72 и успеа да си закаже меч со Монако, по кој ќе се знае и последниот патник во плеј – офот во Евролигата.

Четата на стратегот Саша Обрадовиќ, но сепак не успеаја во тоа. Па така заврши и оваа сезона за “црвено – белите“ во која не се прославија премногу.

ПретходноБарди и Коњаспор го елиминираа славниот Фенербахче во Купот на Турција!
СледноСветското училишно првенство и официјално е отворено: Скопје е во центарот на светот, стартуваше ракометниот спектакл!