Вредна победа за Феникс во битката за опстанок

129

Феникс ја продолжи битката за обезбедување опстанок во елитата откако вечерва на домашен терен обезбеди победа над екипата на Гостивар со 98:85.

Кошаркарите на Денис Дервишевиќ одиграа одличен натпревари и успеаја да дојдат во позиција да ја продолжат рамноправно битката за обезбедување место во прволигашкото друштво и следната сезона.

Во првото полувреме Феникс успеа да направи предност од шест поени (43:37), која во продолжението беше најава за обезбедување на победа. Иако гостите до крајот се обидуваа да влезат во ритам, не успеаја да му дадат тон на неизвесност на финишот на средбата.

Рахама постигна 23 поени за домашните, Ниа имаше 20, додека кај екипата на Гоствар најефикасен беше Карахоџиќ кој застана на 23 поени.

ПретходноНеверојатно: Те бараат Барса и Баерн а ти потпишуваш со Бешикташ!
СледноТФТ се распадна во последната четвртина за убедлив пораз од Широки