Е.Пелистер го потврди заминувањето на Стевче Алушовски, Алексо Лембанов ќе го води тимот

88

Сега е веќе и официјално. Стевче Алушовски повеќе не е тренер на тимот на Е.Пелистер. Нашиот ракометен претставник во Лигата на Шампионите, реши да го промени стратегот откако резултатите во последно време не беа на посакуваното ниво.

Спортспорт уште вчера го најави заминувањето на Алушовски, а сега таа информација ја потврдија од битолскиот клуб.

Официјално е дека Алушовски си поднел оставка, а клубот истата ја прифати.

До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

 

ПретходноОфицијално: ФК Вардар со предлог јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов
СледноИгор Стефановски Иџе ја стартува новата европска сезона и одбележува јубилеј – 25 години на тркачките патеки