Кадетките фуриозно го отворија Светското училишно првенство во ракомет

161

И женската кадетска репрезентација на Македонија стартуваше со убедлива победа на Светското првенство во училишен ракомет што се игра во Скопје.

Избраничките на Даниела Новеска на првиот меч славеа со убедливи 34-12. Победата беше најавена уште во првото полувреме, Македонија поведе со 6-17. Тука веќе беше јасно дека ова ќе биде одличен ден за „црвено-жолтите“,

Наjдобри стрелци во македонскиот тим беа Трифуновска со пет гола, како и сестрите Лашкоски, Мифтари и Героска кои дадоа по четири погодоци.

Следен предизвик за нашите млади ракометарки следува утре од 10:30 часот, а тоа ќе биде мечот со Грузија во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.

ПретходноНавивачите на Реал Мадрид ја исвиркаа ѕвездата и покрај победата
СледноОфицијално: ФК Вардар со предлог јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов