Работнички направи уште еден чекор до потврда на местото во елитата (ФОТО)

147

Кошаркарите на Работнички остварија многу важна победа на патот до потврда на место во елитата и следната сезона. Вечерва во Градски Парк, Работнички славеше на мечот со Чаир со 94:83, со што остануваат во тројката на табелата која е најблизу до обезбедување на опстанок.

Натпреварот започна со израмнета партија, откако и двата тима покажаа ефикасна игра во нападот за егал ситуација по воведните 10 минути (22:22). Во вториот период Работнички додаде „гас“ и успеа да се одлепи, па на полувреме направи пристојна разлика од 13 поени (53:40).

Во вториот дел Чаир покажа дека нема лесно да го положи оружјето. Успеа да ја добие третата четвртина со 4 поени разлика и да намали на 72:63. Со оваа предност од 9 поени домашните влегоа во одлучувачките 10 минути, во кои гостите не успеаја да најдат против игра, па домашните умешно ја задржаа разликата за конечна победа.

Виктор Ефремовски одигра фантастичен меч со 28 постигнати поени, а притоа имаше и 6 скока и 5 асистенции. Грушановиќ заврши со 17, а Рикиќ со 16 поени. Кај Чаир Тачи финишираше како најефикасен со 22 поени.

ПретходноЕкс-фудбалерот на Челзи ќе биде наследникот на Розениор?
СледноДали тоа ќе биде “новиот Дортмунд“: Тотенхем добива нов спортски директор!