Денес, во хотелот „Three Corner“, за женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија се одржа предавање на тема односи со јавноста и медиумска комуникација.
Во рамки на предавањето, репрезентативките имаа можност да се запознаат со значењето на професионалната комуникација со медиумите, јавните настапи и правилното претставување на националниот тим во јавноста.
Активноста е дел од подготовките и едукацијата на репрезентативките надвор од спортскиот терен.
Инаку македонската женска репрезентација во рамките на ЕХФ неделата се подготвува за настап на ЕП.










