Нова ужасна вест за Флик пред “Ел Класико“!

140
фото: Barcelona (X)

Во недела од 21 часот на “Камп Ноу“ се среќаваат Барселона – Реал Мадрид. Фудбалскиот свет со нетрпение го чека дуелот на двата веројатно најголеми клубови во светот. Од друга страна стратегот на Барса, Ханси Флик од час во час добива лоши, ужасни вести.

По 11 победи во исто толку натпревари оваа сезона, Барселона загуби со 4:2 од ПСЖ. Тие исто така го загубија Дани Олмо, кој излезе на полувреме и ќе отсуствува еден месец. Нови лоши вести од тој натпревар дојдоа подоцна. Шпанските медиуми објавуваат дека и Чави Еспарт е прашан за играње против Реал. Младиот 19-годишен лев бек игра многу добро оваа сезона и го постигна својот втор гол во сезоната против ПСЖ, а има и две асистенции. Еспарт го напушти теренот во Париз, заменет поради проблем со глуждот. Тој беше подложен на дополнителни тестови и сè уште не е познато дали ќе игра во недела. Одбраната на Барселона е веќе ослабена од повредите на Жил Кунде и Ерик Гарсија, па отсуството на Еспарт би значело дека нивната одбрамбена линија е десеткувана.

ПретходноЕдукативен настан за женската репрезентација: Односи со јавност и медиумска комуникација (ФОТО)
СледноЛШ табела по 3.коло: ПСЖ, Астон Вила, Ливерпул, Реал и Бетис со по “три од три“! (ФОТО)