Сонот на Перез: Клоп на клупата а потпис со Халанд, Олисе, Витиња…!

224
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Иако во неколку наврати Јирген Клоп јавно изјави дека нема намера да го преземе Реал Мадрид и во новата сезона да биде новиот тренер на “кралевите“, сепак Флорентино Перез не се откажува така лесно. А познато е дека ретко кој во светот на фудбалот може да му каже “НЕ“ на фамозниот Дон Флорентино. Тој и натаму се надева токму Клоп ќе дојде на “Бернабеу“ и дека со него ќе започна една нова ера на “кралевите“.

Разни инсајдери, па и познати новинари од Шпанија, кои се блиски до Реал, сметаат дека деновиве има комуникација меѓу Перез и Клоп и дека нема да биде сензација ако сепак Германецот го смени своето мислење.

А дека има нешто факт е дека Перез на своите први соработници им дал список на играчи кои би требало да дојдат во Мадрид ова лето, некои на зима а некои и во јуни следната година. Тоа се Ерлинг Халанд, Мајкл Олисе, Витиња и Луис Диас. Ова значи дека се работи на случајот со Клоп, посебно ако се знае дека овие играчи се и негова желба.

Ако се случи ова тогаш јасно е дека за Винисиус нема да има место, а дека во нападот би биле Мбапе, Халанд и Олисе. Инаку за овој последниот е врзан скандал во Баерн и неговото чудно однесување на прославата на новата титула. Дали тоа значи дека тој сака да си оди од Минхен? Сепак за ова се прашува и раководството на “баварците“. Инаку Олисе според многумина важи за најдобриот фудбалер во светот во моментов.

ПретходноНеверојатниот Леброн сам ги влече Лејкерси без Дончиќ против фаворитите (ВИДЕО)
СледноВујо со порака: Вардар е најголемиот клуб која го дала Македонија (ВИДЕО)