Феникс ја продолжи битката за обезбедување опстанок во елитата откако вечерва на домашен терен обезбеди победа над екипата на Гостивар со 98:85.
Кошаркарите на Денис Дервишевиќ одиграа одличен натпревари и успеаја да дојдат во позиција да ја продолжат рамноправно битката за обезбедување место во прволигашкото друштво и следната сезона.
Во првото полувреме Феникс успеа да направи предност од шест поени (43:37), која во продолжението беше најава за обезбедување на победа. Иако гостите до крајот се обидуваа да влезат во ритам, не успеаја да му дадат тон на неизвесност на финишот на средбата.
Рахама постигна 23 поени за домашните, Ниа имаше 20, додека кај екипата на Гоствар најефикасен беше Карахоџиќ кој застана на 23 поени.










