Екипата на ТФТ со пораз (88-69) се враќа од гостувањето кај Широки во првиот финален натпревар во АБА2-лига. Македонскиот тим целосно се распадна во последната четвртина од пред 38 минута постигна само три поени, што пак не беше доволно за сензација.
Говенс постигна 17 поени, додека Гордон 14 поени. На другата страна Крири имаше 26 поени.
ТФТ доминираше во првото полувреме, ја имаше контролата на резултатот. Поведе со 14-25 во првата четвртина, која пак домаќинот ја заврши со негатива од 21-25. Избраниците на Боро Смилковски одржуваа предност и во следниот период, на одморот заминаа со водство од седум поени 37-44.
После 39-46 на стартот на третата четвртина следеше пат во редовите на македонскиот тим, доволно за да Широки со серија од 16-3 се врати резултатски во мечот и да поведе со 55-49. На стартот на последниот период резултатот беше 64-62. Првите поени ги постигна Широки преку Клири за 66-62, откако двата тима се изнапромашуваа. Домаќинот со серија 10-2 поведе со двоцифрени 74-64, први на мечот во 36-та минута, по што Смилковски повика тајм-аут, но не се промени ништо. Неговиот тим имаше минус 15 (80-65).
Вториот натпревар се игра на 29 април во Скопје.










