Иран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!

42
фото: Megatron (X)

Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година.

„Министерството за млади и спорт објави дека нашата национална фудбалска репрезентација е целосно подготвена за учество на Светското првенство во 2026 година во САД, во согласност со наредбата на министерот. Преземени се сите потребни чекори за да се обезбеди дека нашите драги членови на тимот можат гордо и успешно да настапат“, истакна Мохеџерани на државната телевизија.

Во спортскиот свет и натаму траат полемиките дали Иран ќе може безбедно да отпатува за САД и да настапи на претстојниот Мундијал.

ПретходноМилитао, сепак, ќе биде подготвен за настап на Мундијалот