Милитао, сепак, ќе биде подготвен за настап на Мундијалот

28

Едер Милитао нема да отсуствува повеќе од два месеци поради повредата која ја заработи на послендиот натпревар за „кралевите“.

Дефанзивецот на Реал Мадрид има дијагностицирана повреда на тетивата, што ќе го остави надвор од терените до крајот на клупската сезона.

Сепак, ЕСПН објави дека „не се очекува Бразилецот да го пропушти Светското првенство“. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови, но извор близок до играчот верува дека Милитао ќе биде вклучен во составот на Бразил и ќе патува на Мундијалот.

ПретходноДимитријевиќ за една асистенција остана без „дабл-дабл“, Баерн повторно победи
СледноИран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!