Историја: Штип УГД е нов шампион на Македонија!

85
фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Штип конечно доби шампион во екипен спорт и тоа во одбојка. Еуфорија во градот од Исарот. Вечерва во салата “Јордан Мијалков“ во Штип, трета победа во третиот меч од финалната серија, одбојкарите на Штип УГД со 3:0(25:18, 25:18 и 25:16) во сетови просто го збришаа тимот на ОК Борец Велес и со тоа и официјално ставија точка на оваа сезона со прва, историска титула – ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА во одбојка.
Па така по седум години екипата на Струмица е симната од пиедесталот која до оваа сезона беше просто неприкосновена, а ова беше трето финале за штипјани, во минатите две беа поразени токму од Струмица.

Оваа сезона Штип УГД едноставно беше најдобар, имаше најдобар тим, најдобри одбојкари а тоа најубаво се виде и во финалната серија во која велешани немаа никакви шанси.

Да кажеме дека ова за одбојкарски Штип е историска зошто одбојкарите на Штип УГД освоија двојна круна, ако се знае дека се актуелни победници и во Купот на Македонија.

Претходно“Бомба“ од Мадрид: Бернардо Силва потпишува за Реал Мадрид?! (ФОТО)
СледноПелистер лесно до убедлива победа против ТФТ!