Никола Серафимов со повреда и го пропушта дуелот со ЦСКА Софија

47
ФОТО: ПФК ЛЕВСКИ / PFC LEVSKI/FB

Штета. Македонскиот репрезентативец и интернационалец Никола Серафимов е повреден и нема да биде дел од викенд големото дерби на Софија, помеѓу екипите на Левски и ЦСКА.

Стоперот го повреди рамото, и ќе биде десетина дена во „аут“ што се вели. За среќа, повредата не е од сериозен карактер и тој наскоро ќе се врати на тренинг.

Никола Серафимов и неговиот Левски во моментов се лидери на табелата во шампионатот на Бугарија со 70 поени, десет повеќе од второпласираниот Лудогорец.

Тој ги стартуваше последните два дуела за тимот и ги одигра комплетно мечевите против Арда односно ЦСКА.

 

ПретходноПрвата цел исполнета: Кадетките го потврдија статусот на фаворитки за медал (ФОТО)
СледноВардаровото срце е фудбалско, ракометно….