Три од три: Кадетите ја победија и Р. Српска

149

Во крајно драматичен натпревар, машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и третата победа во групната фаза на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје. Денеска во натпревар против селекцијата на Република Српска, избраниците на Горан Кузмановски славеа минимално со 25:27.

По одличното прво полувреме кое нашите млади момци го добија со неколку голови предност, во вториот дел видовме мал пад на играта. Тоа го искористи противникот и успеа да направи пресврт. Република Српска кусо поведе со еден гол разлика, но нашите млади ракометари ја вратија ладнокрвноста, се вратија со нов пресврт и на крајот дојдоа до посакуваната победа.

В недела го играме последниот меч во групата против селекцијата на Саудиска Арабија.

ПретходноБРАВО: Кадетките како првопласирани одат во 1/4 финале
СледноИнтервју со Катерина Попева: Идеалната жена не е дефинирана само преку изгледот, туку преку енергијата што ја носи!