Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сега интернационалец во тимот на Алуминиј, вчера обезбеди финале во купот на Словенија. И тоа со асистенција.
Крилниот напаѓач со прекрасен центаршут имаше огромен удел во погодокот на својот тим кој што беше пресуден во победата над тимот на Браво од 0:1, на гостински терен.
Со ова Фета и Алуминиј си закажаа финале со тимот на Гросупље кое што ќе се одигра на 13.05.2026.










