Вини и Реал се договориле, но Бразилецот нема да биде најплатен во Мадрид

45
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор (25) би требало да продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид уште долго време, објави Скај.

Имено, по обемни преговори, постигнат е принципиелен договор за нов долгорочен договор, а сè што останува е да се потврдат последните детали пред да се потпише. Неговиот тековен договор истекува во 2027 година, но Бразилецот најави потпишување на нов пред повеќе од една година.

Сепак, бидејќи тоа не се случи, шпекулациите за неговото заминување се зголемија, а имаше и извештаи дека Реал сметал дека неговите барања за плата се превисоки, па преговорите биле во мирување.

Паузата предизвика нови гласини, а Винисиус се поврзува со финансиски моќни клубови од Саудиска Арабија. Патем, Бразилецот наводно се согласил на отстапки бидејќи Килијан Мбапе ќе остане најплатен играч на Реал, а Винисиус ќе заработува помалку од Французинот дури и со подобрен договор.

Ова е спротивно на претходните извештаи дека Бразилецот сака да стане најплатениот играч во клубот.

ПретходноОрганизаторот навистина претера: Билет за финалето на Мундијалот чини 2.1 милион долари
СледноВ недела за првпат ќе се одржи меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“ во чест на легендата на македонскиот триатлон