Официјално: Алкараз го пропушта Ролан Гарос!

59
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Она што се најавуваше со денови наназад, сега е и официјално. Карлос Алкараз, шпанскиот тенисер, нема да настапи на годинашниот Ролан Гарос, што и самиот го потврди на социјалните мрежи.

По резултатите од тестовите спроведени денес, одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, додека чекаме да го процениме напредокот за да одлучиме кога да се вратиме на теренот. Ова е тежок момент за мене, но сигурен сум дека ќе излеземе од ова посилни“, напиша Алкараз на социјалната мрежа Инстаграм.
Повредата оваа година беше посилна од Алкараз, кој во овој момент дури и не знае кога потенцијално би можел да се врати на теренот. Алкараз е двократен шампион на вториот Гренд слем, а оваа година нема да има можност да го брани трофејот што го освои во 2024 и 2025 година.
Шпанецот го пропушти и турнирот во Мадрид, па веднаш беше јасно дека станува збор за малку посериозна повреда.
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер сега сигурно имаат поголеми шанси да го освојат трофејот во Париз, а Ролан Гарос оваа година ќе започне на 18 мај и ќе трае до 7 јуни.

ПретходноСега и официјално: Душебаев по 12 години заминува од Киелце!(ФОТО)
СледноАмбасадорката на Словачка и претседателката на ФУСМ, Мицковска заедно го следеа натпреварот помеѓу Македонија и Словачка (ФОТО)