Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

70

Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Катар.

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, отпатувал во Доха, каде што ќе ја преземе репрезентацијата што ја водеше во периодот 2024-2025 година и со која играше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21-то место и загуби од Македонија во главната рунда.

Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон средината на минатата година, но очигледно е дека второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин, по шест последователни златни медали на континенталното натпреварување, не ги задоволи Катарците.

Договорот меѓу Вујовиќ и Катар важи за Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија.

ПретходноШоу на Леброн Џејмс, Лејкерс после продолжение го урнаа Хјустон (ВИДЕО)
СледноСите детали од несреќата се познати: Истрагата за смртта на Диого Жота е завршена