Во рамките од 26. коло во домашниот кошаркарски шампионат, тимот на Кожув кој што е дел од плеј офот го совлада Тиквеш во Кавадарци со конечни 90:97.
Гостите на овој дуел може да се каже дека имаа подобро второ полувреме, кога реално и го добија дуелот.
По првичните 24:22, односно 26:20, до полувреме домашните имаа не само резултатски баланс, дури имаа и водство.
Сепак, во продолжението, третата делница Кожув ја доби со убедливи 19:32, по што за домашните немаше назад што се вели. Четвртата четвртина заврши со резултат 21:23, и конечни 90:97.
Америманците во таборот на Кожув и овојпат најдобри. Боувен со 31. поен и фантастични 17 скока, односно Первис со 23 коша.
Бошалевски со 21 односно Димитриев со поен помалку најдобри кај кавадарчани.
Кожув е петти со 39 поени, додека пак Тиквеш е зад него со 37 на плеј оф табелата во домашниот шампионат.










