Брестовац и Петар Атанасијевиќ блеснаа, Пелистер без милост против Тиквеш

316

Пелистер ја оправда улогата на фаворит против ГРК Охрид, на домашен терен го совлада со 44-23 во натпревар од 6. коло во плеј-офот во Супер-лигата. На клупата на актуелниот македонски првак беше Лембанов, кој дебитираше со победа.

Битолчани отворија со 7-2, после 20 минути игра запишаа двоицфрена предност од 17-7. На одморот резултатот беше 22-12. Кавадарчани беа немоќни во продолжение, додека пак Пелистер не се штедеше.

На голот на Пелистер беше Давид Брестовац кој запиша 114 одбрани, додека прв стрелец беше Петар Атанасијевиќ со 11 гола. На другата страна седум погодоци запиша Стојановски.

Во плеј-аут, Прилеп беше убедливо подобар од Радовиш со 40-26, додека пак Струга загуби од Куманово со 25-27.

ПретходноГРК Охрид со минимална негатива се враќа од Целје
СледноКожув со гостински триумф кај Тиквеш