Кожув со гостински триумф кај Тиквеш

52

Во рамките од 26. коло во домашниот кошаркарски шампионат, тимот на Кожув кој што е дел од плеј офот го совлада Тиквеш во Кавадарци со конечни 90:97.

Гостите на овој дуел може да се каже дека имаа подобро второ полувреме, кога реално и го добија дуелот.

По првичните 24:22, односно 26:20, до полувреме домашните имаа не само резултатски баланс, дури имаа и водство.

Сепак, во продолжението, третата делница Кожув ја доби со убедливи 19:32, по што за домашните немаше назад што се вели. Четвртата четвртина заврши со резултат 21:23, и конечни 90:97.

Америманците во таборот на Кожув и овојпат најдобри. Боувен со 31. поен и фантастични 17 скока, односно Первис со  23 коша.

Бошалевски со 21 односно Димитриев со поен помалку најдобри кај кавадарчани.

Кожув е петти со 39 поени, додека пак Тиквеш е зад него со 37 на плеј оф табелата во домашниот шампионат.

 

 

ПретходноБрестовац и Петар Атанасијевиќ блеснаа, Пелистер без милост против Тиквеш
СледноМундијалот во 2038 или 2042 во Германија?!