Растодер и Тун вечерва против Лугано на Алиоски можат да ја официјализираат титулата!

38
ФОТО: FC Thun/FB

Ете, тоа се вика една убава фудбалска бајка. Имено пред стартот на сезоната ретко кој во Швајцарија го сметаше Тун за тим кој може да се бори за врвот, а за титулата речиси никој. Сепак Елмин Растодер и неговите соиграчи просто “мелеа“ во текот на целиот шампионат и вечерва (20:30 часот) пред своите фанови, ако победат против Лугано на Џани Алиоски, и дефинитивно ќе испишат историја. Во својата речиси 130 годишна историја за првпат ќе станат шампиони на Швајцарија и тоа ќе им биде прв голем трофеј, овој клуб нема пехар ниту во Купот.

На пет кола до крајот Тун има +14 бодови пред Сент Гален и со победа и три бода се ќе биде готово.

Еден од најзаслужните за овој историски успех секако дека е нашиот репрезентативец Елмин Растодер кој е прв стрелец на тимот со 13 голови, а запиша и 10 асистенции. И Тун и Растодер просто “експлодира“ сезонава, па затоа овој напаѓач сега е и репрезентативец на Македонија и од него сите ние очекуваме добри игри и голови во периодот што доаѓа.

ПретходноНадал се огласи за Алкараз
СледноСудијата кој судеше на Суперкупот во Скопје во 2017, би можел да заврши в затвор?!