Спектакуларен, фантастичен гол, гол кој ќе се памети и раскажува долго време, веројатно гол на сезоната во елитната лига во Словенија. И тоа во режија на Димитар Митровски, нашиот репрезентативец и офанзивен играч за врска на Олимпија Љубљана. Имено Македонецот вчера на гостувањето кај Копер во таа 70.минута со шут од слободен удар од 27-28 метри постигна фантастичен гол. Домашниот голман направи се што можеше, но „проектилот“ на Митровски беше премногу прецизен за да успее нешто да направи. Вакви голови даваат само Меси и Митровски.
Да потсетиме дека Македонецот во летниот преоден рок дојде во словенечкиот гигант од Вараждин, а за него Олимпија плати отштета од еден милион евра, што беше рекорд во словенечкиот фудбал.
Голот на Митровски на видеото можете да го видите во 4.25 минута:










