Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, предмалку го објави списокот на избраници на кои ќе смета за претстојните два дуели од Лигата на Нациите, Б дивизија, против Шкотска на гостински терен, односно Словенија во Скопје.
Она што изненадува од прва што се вели, е одуството на Бојан Миовски, играчот на Ренџерс, додека пак на негово место како новитет во националниот состав е повикан Марко Ѓорѓиевски во Шкендија.
Тука секако е Дарко Чурчинов кој што на претходниот повик не беше достапен поради административни проблеми.
Конечно, Стефан Деспотовски од ОФК Београд повторно е тука, откако беше дел од пријателските мечеви против Босна односно Турција летоска.
Никола Серафимов прави кам бек по повредата на раката, како и Имран Фетаи. Овојпат нема место за Ѓоко Зајков, еден од оние кои што изминатиот период имаше многу настапи во националниот дрес.











