Фантастично деби на Симиќ во НЦАА (ВИДЕО)

129

Тео Симиќ имаше фантастично деби во НЦАА лигата. Македонецот беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим Тексас Арлингтон против Норт Тексас Далас со 89:56.

Македонскиот центар во игра беше 18 минути и притоа реализираше 16 поени и забелжа девет скокови.

За Тео Симиќ ова е прво искуство во САД, откако претходно беше дел од младинската школа на Барселона, потоа и во тимот на Прат во втората шпанска лига.

Имаше куса авантура во БиХ, а во домашниот шампионат беше во екипите на ТФТ и Кожув.

ПретходноУжас: На 30 години почина фудбалерот на Тенерифе, Хезус де Мигуел!(ФОТО)
СледноМрме ќе почека една година со Таџикистан да игра на Азискиот Куп