ПМФЛ – 13.коло: Дерби дуелите Струга ТЛ – Шкендија и Силекс – Вардар в сабота од 12 и 13 часот!

3
ФОТО:FFM.MK

Познат е распоредот на натпреварите од 13.коло во ПМФЛ. Коло во кое има две дербија, а и двете се играат в сабота (08.11.2026).

Прво од 12 часот во Струга играат Струга ТЛ и Шкендија, за да еден час подоцна започне и мечот во Кратово меѓу Силекс и Вардар.

Секако дека дуелот во Струга каде силите ќе ги одмерат водечките на табелата ќе биде супер интересен, а во случај на победа тогаш домашните ќе избијат на лидерското место на табелата.

Да потсетиме дека Струга ТЛ засега има шест од шест на свој терен.

Инаку колото започнува во петок со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Скопје, додека во недела на програмата се дуелите Башкими – Брегалница и Арсими – Шкендија Арачиново.

РАСПОРЕД ЗА 13.КОЛО

ПЕТОК (06.11.2026)

Кавадарци: Тиквеш – Скопје (13 ч)

САБОТА (07.11.2026)

Струга: Струга ТЛ – Шкендија (12 ч)

Кратово: Силекс – Вардар (13 ч)

НЕДЕЛА

Куманово: Башкими – Брегалница (12 ч)

Гостивар: Арсими – Шкендија Арачиново (13 ч)

ПретходноСтрашна е оваа Филаделфија, Леброн имаше време и за пијалок!(ВИДЕО)