Елен предизвика сообраќајна несреќа, повредени неколку лица од раководството на клубот на Трајковски

135

Од утрово, хрватските медиуми известуваат за сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот А3, во која беа повредени менаџерите на загрепска Локомотива, клубот на нашиот интернационалец Александар Трајковски.
Се пренесува дека дека несреќата ја предизвикал елен кој истрчал на патот, по што дошло до верижен судир на четири возила.
Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале директорот на Локомотив, Божидар Шикиќ, и извршниот директор Денис Гудасиќ, прв удрил во дивечот на патот, а потоа биле удрени од уште три возила.
Повредени се неколку лица, а материјалната штета на возилата е значителна.
Шикиќ и Гудашиќ се враќале од првенствениот натпревар од 32-то коло на ХНЛ, во кој нивниот клуб одигра нерешено против Осиек на „Опус Арена“. Гудасиќ бил итно префрлен во Општата болница во Славонски Брод поради повреди на главата.

Оваа вест ја потврди и самиот клуб.

ПретходноАртета: Сè е на „коцка“, а судиите се против нас
СледноКадетите ќе се борат за медал, си закажаа полуфинале со Србија