Артета: Сè е на „коцка“, а судиите се против нас

116
ФОТО: Arsenal/FB

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го критикуваше судењето во последните два натпревари, тврдејќи дека трката за титулата во Премиер лигата „ќе изгледаше поинаку“ доколку клучните одлуки беа донесени во корист на неговиот тим. По тешката победа на Арсенал од 1-0 над Њукасл во саботата навечер, со која се искачија на три бода предност пред Манчестер Сити на врвот на табелата, Артета изрази фрустрација поради два контроверзни моменти во клучните натпревари.

„Морам да кажам, според мене, дека е чист црвен картон“, рече Артета за стартот на Поуп против Ѓокерес.

„Го гледав видеото десет пати. Секој што некогаш играл фудбал знае дека е црвен картон. Ова е втор пат во два натпревари, бидејќи против Манчестер Сити, кога Каи Хаверц поминува, Хусанов го соборува. Ќе беше 1-1, титулата беше на дофат. Тоа е црвен картон, луѓе“, рече Артета, додавајќи: „Тоа се малите разлики и се надевам дека тоа ќе се промени“.

На прашањето зошто Поуп не беше исклучен, менаџерот на Арсенал одговори:

„Не знам, тие имаат свое мислење. Јас сум тука да го дадам моето мислење како некој што долго време е во фудбалот. Прашајте го кој било играч – со оглед на траекторијата на топката, таму нема голман. Да беше обратно, ќе беше црвен картон“.

Победата против Њукасл беше напната и исцрпувачка, но исто така и клучна по серијата од само една победа во шест натпревари во сите натпреварувања, што му помогна на тимот да ја стабилизира својата форма. Трката за титулата е исклучително тесна и може да се одлучи според гол-разликата ако Арсенал и Сити ги добијат сите преостанати натпревари.

Таа неизвесност ја зголеми фрустрацијата на Артета, а менаџерот на Арсенал е убеден дека судиските грешки му наштетиле на неговиот тим.

„Зборувам за реалноста од последните два натпревари. Во клучните моменти кога сè е на „коцка“, судиските одлуки одат против нас“, рече Артета.

„Не барам изговори, јас сум првиот што го разбира тоа. Не зборував за тоа кога го губевме натпреварот. Зборувам сега, кога победивме. Денес е црвен картон, во Манчестер е црвен картон и сè би било поинаку. Тоа е тоа“, заклучи тој.

ПретходноРојевиќ: Честитки до моите ракометари, се вративме од минус седум гола разлика!
СледноЕлен предизвика сообраќајна несреќа, повредени неколку лица од раководството на клубот на Трајковски